logo
logo
logo

Лапорта вади нов „ас во ракавот“: Артета може да биде новиот тренер на Барселона

Vecer | 01.03.2021

Лапорта вади нов „ас во ракавот“: Артета може да биде новиот тренер на Барселона

Актуелниот менаџер на Арсенал, Микел Артета може да ја преземе Барселона, пренесува Радио Монте Карло. Според информацијата, Артета е картата на која игра Жоан Лапорта, доколку тој ги добие изборите за нов претседател на каталонскиот клуб кои се закажани за 7 март.

Артета засега изгледа сигурен на менаџерското место кај „топчиите“, но ништо нема да биде сигурно доколку клубот остане далеку од врвот на табелата до крајот на сезоната. Каталонците веќе одамна се подготвуваат за трајно тренерско решение кое не го гледаат во Роналд Куман. Медиумите шпекулираат со името на Чави Ернандез кој останува прв фавори за тренерското место следната сезона, но ако Лапорта победи, нема да биде изненадување и евентуалното враќање на Артета во својот некогашен тим.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk