logo
logo
logo

Лапорта: Суперлигата е неопходна, најважно е да ги браниме нашите интереси

Vecer | 22.04.2021

Лапорта: Суперлигата е неопходна, најважно е да ги браниме нашите интереси

Претседателот на Барселона, и првиот човек на тимот од Ноу Камп, Жоан Лапорта даде опширна изјава по повод Суперлигата и последните случувања. Истата е пред колапс, а беше формирана пред само неколку дена, не е ни заживеана што се вели уште, а е пред гасење.
Барселона е еден од клубовите кои сеуште официјално стои зад овој проект, а Лапорта објасни зошто е тоа така во моментов.

„Суперлигата е неопходна. Големите клубови вложуваат огромен капитал, платите на фудбалерите се огромни. Тоа мора да се земе во предвид. Натпреварувањето мора да е екстремно атрактивно. Но базирано на спортски успех. Отворени сме за дијалог со УЕФА. Некои клубови се под притисок, но проектот Суперлига и натаму е тука“ – вели Лапорта.

Сепак, тој додава дека за конечната одлука на ФК БАрселона како клуб, ќе одлучат членовите на клубот.

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk