logo
logo
logo

Лапорта му кажал на Кутињо дека оди на трансфер листа

Vecer | 11.03.2021

Лапорта му кажал на Кутињо дека оди на трансфер листа

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта е подготвен да го продаде 28-годишниот бразилски играч од средниот ред Филип Кутињо во летниот преоден рок, објави „АС“.

Лапорта сака да го растовари платниот список со цел да го донесе во клубот дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба. На лето, Австриецот ќе стане слободен агент и ќе може бесплатно да и се приклучи на Барселона, но со оглед на големата плата која ја бара, Барса ќе мора да ги намали актуелните трошоци за плата.

Кутињо сезонава одигра 14 натпревари на сите турнири и постигна три гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk