Тренерот на Барселона, Роналд Куман, добил ултиматум од 3 натпревари, во кои треба да го подигне нивото на перформансите на тимот, ако сака да остане на тренерското место. Веста ја објави каталонскиот весник „Спорт“.

Ова доаѓа по разочарувачката вечер и поразот од Баерн (М) со 3:0 на „Камп Ноу“ синоќа. Поразот од германскиот шампион не е толку загрижувачки колку што е бледата игра на Барса без идеи.

Вчера се одржал и итен состанок на клубот, на кој присуствувале претседателот Лапорта, потпретседателот Рафа Јусте и фудбалскиот директор Матеу Алемани, кој траел до доцна во ноќта. Лапорта го предупредил Куман дека во следните 3 натпревари против Гранада, Кадис и Леванте, Барселона не само што мора да победи, туку да го направи тоа со стил и добар фудбал.

 

sportmedia.mk