logo
logo
logo

Лапорта ќе го искористи пријателството со Мино Раиола за да дојде до Халанд

Vecer | 11.03.2021

Лапорта ќе го искористи пријателството со Мино Раиола за да дојде до Халанд

Ерлинг Халанд е во моментов најголемата опсесија на новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, тврди шпански „АС“. Во обидот да и даде нов лик на Барселона, Лапорта фрла се на една карта, а тоа е обезбедувањ ена потписот на Норвежанецот од Борусија Дортмунд.

Секако, истовремено Лапорта не се откажува од идејата да го обнови договорот со Меси. Во обидот да дојде до Халанд, новиот претседател на Барса сака да ја искористи својата блискост со Мино Раиола, агентот на Халанд, за да се обиде да ги истражи сите економските патишта што можат да го прават можно потпишувањето на договорот со младиот голгетер. Елиминацијата во Лигата на шампионите ја остави Барса со два сурови заклучоци. Првиот, дека нема центарфор и второто, дека остана без најмалку десет милиони евра кои ќе ги добиеше ако продолжеше во ЛШ и кои сигурно можеа да бидат искористени за новите трансфери.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk