Френк Лампард (46) се согласил да стане нов менаџер на Ковентри Сити во Чемпионшип. Според информациите, Ковентри Сити планира официјално да го објави назначувањето на Лампард по денешниот натпревар со Шефилд Јунајтед.
Последната работа на англискиот стручњак беше во Челзи, каде беше привремен тренер од април до јуни 2023 година. Лампард ги предводи и сините од 2019 до 2021 година.
По 15 кола во Чемпионшип, Ковентри има 16 бодови и моментално се наоѓа на 17. место.