logo
logo
logo

Лајпциг изгуби во Дортмунд и титулата отиде кај Баерн (видео)

Vecer | 08.05.2021

Лајпциг изгуби во Дортмунд и титулата отиде кај Баерн (видео)

Баерн Минхен и официјално ја одбрани шампионската титула во Бундес лигата. Денеска во дербито на 32. коло на најсилната германска лига Борусија Дортмунд го совлада РБ Лајпциг со 3:2, а овој пораз на „биковите“ ги промовира „баварците“ во германски шампиони. Доколку Лајпциг не изгубеше на „Сигнал Идуна Парк“ тогаш Баерн ќе требаше да го совлада Менхенгладбах вечерва за да го прослави шампионскиот пехар. Вака уште не излезен на мегдан се закитија со „салатарата“ која е нивна рекордна 31 во историјата и деветта по ред.
На мечот во Дортмунд „Милионерите“ водеа со 2:0 со головите на Ројс во 7. минута и на Санчо во 60. минута,1 меѓутоа „биковите“ изедначија преку Клостерман во 63. минута и Дани Олмо во 77. минута. Во финишот Санчо реализираше за победа на „жолто-црните“.
РБ Лајпциг е втор со 64 бода, седум помалку од Баерн. Борусија Дортмунд е на четвртото место со 58 бода.
Хофенхајм му го нанесе на Шалке 22. пораз сезонава. Славеше Хоф со 4:2 иако на полувреме губеа со 0:2. Вердер и Баер Леверкузен одиграа без голови, а Волфсбург со 3:0 со победи Унион и ја држи третата позиција на табелата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk