logo
logo
logo

Лајпциг: Анхелињо е повреден. Анхелињо одговори: Не сум повреден, спремен сум!

Vecer | 28.02.2021

Лајпциг: Анхелињо е повреден. Анхелињо одговори: Не сум повреден, спремен сум!

Фото> bundesliga.com

Неспоразум или непослушност во РБ Лајпциг? Шефот на стручниот штаб Јулијан Нагелсман се надева дека бргу ќе биде решена ситуацијата со левиот бек Анхелињо кој пред вчерашниот меч со Менхенгладбах го демантираше тренерот и клубот дека е повреден.

Нагелсман процени дека шпанскиот фудбалер не може да игра и дека ќе биде изоставен од тимот за мечот со Менхенгладах.

Поради повреда Анхелињо ќе го пропушти денешниот натпревар“, соопштија од клубот.

Меѓутоа не помина многу време, Анхелињо одговори на социјалните мрежи: „Не, не сум повреден, спремен сум“.

Со тоа Шпанецот фрли сериозен сомнеж во официјалната верзија на приказната дека се работи за повреда иако не е од сериозен карактер, меѓутоа Нагелсман по усмено предупредување остана на приказната на клубот:

Тоа што го направи Анхелињо не беше интелегентно. Ќе зборувам пак со него. Знам дека тој сака постојано да игра, а многу му смета кога мора да пропушти натпревар. А тој многу значи за клубот. Во прашање е полесна повреда на мускулите на нозете и не беше спремен. Во иднина би требало да размисли пред да каже нешто во јавност, да најде паметно решение“, изјави Нагелсман.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk