logo
logo
logo

Лацио се измачи со Кротоне но сепак освои три бода (ВИДЕО)

Vecer | 12.03.2021

Лацио се измачи со Кротоне но сепак освои три бода (ВИДЕО)

Далеку потешко од очекувањата, тимот на Лацио успеа да обезбеди три бода на домашен терен со триумфот над Кротоне од 3:2, на отворањето на новото коло од Серија А.

Тимот од Рим буквално во последните минути од мечот ја обезбеди победата и тоа со прекрасниот гол на Саиседо, а на асистенција на Ескаланте.

Претходно инаку последнопласираниот тим на табелата Кротоне, и тоа како добро се држеше и на два пати обезбедуваше реми преку својот најдобар играч сезонава, нигериецот Сими. Милинковиќ Савиќ односно Алберто уште погодија за домашниот кој со овој трумф ја обезбеди 14. победа сезонава и шестото место на табелата.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk