logo
logo
logo

Ла Стампа: „Војна“ во соблекувалната на Јуве

Vecer | 22.03.2021

Ла Стампа: „Војна“ во соблекувалната на Јуве

Иако со сите сили од таборот на Јувентус сакаа последните два дена да го заштитат тренерот Андреа Пирло по шокантниот пораз од 0:1 на домашен терен од Беневенто, денешна Ла Стампа пренесува нешто сосема друго.

Наспроти изјавите на спортскито директор Фабиот Паратичи дека тренерското столче на Пирло е сигурно, медиумот јавува дека во соблекувалната на Јуве се случува вистиска „војна“.

Претседателот на клубот, Андреа Ањели наводно по поразот од Беневенто влегов во соблекувалната и се обратил „на повисок тон“ кон Андреа Пирло. На ова стратегот возвратил и конверзацијата траела неколку минути, на очиглед на сите. Што следува ќе видиме деновиве, а самиот Пирло по мечот остана смирен но го апострофираше Артур Мело како еден од виновниците за поразот. Негова беше клучната грешка при примениот гол.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk