logo
logo
logo

Ла Лига: Реал Сосиедад ја пополни четворката за ЛШ, Еспањол се сели во Сегунда

Vecer | 28.05.2023

Ла Лига: Реал Сосиедад ја пополни четворката за ЛШ, Еспањол се сели во Сегунда

По денешните натпревари од претпоследното 37. Коло во Ла Лига, стана јасно дека покрај Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, и Реал Сосиедад ќе им се приклучи во Лигата на шампионите.

Во Лига Европа ќе одат Виљареал и Реал Бетис, додека борбата за седмото место кое води во Конференциската лига останува отворена, а тоа место во последното коло можат да го заземат Осасуна, Атлетик Билбао, Жирона, Рајо Ваљекано или Севиља.

Борбата за останување во лигата никогаш не била полуда. Елче одамна испадна, а денеска му се приклучи и Еспањол, кој одигра 2:2 кај Валенсија. Во опасност од испаѓање се и Кадиз, Алмерија, Валенсија, Селта, Хетафе и Ваљадолид.

Мајорка беше поразена од Барселона со 3:0. Фати постигна гол во првата минута, а во 24. минута ја удвои предноста за Барселона. Конечниот резултат го постави Гави во 70. минута. Атлетико Мадрид во дербито на колото го совлада Реал Сосиедад со 2:1, а стрелци беа Гризман и Молина, додека Сорлот беше стрелец за гостите.

Виљареал остана без шанса за Лигата на шампионите бидејќи беше поразен кај Рајо со 2:1.

Ла Лига, 37 коло:

Барселона – Мајорка 3:0

Атлетик Билбао 0:1

Алмерија – Ваљадолид 0:0

Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад 2:1

Хетафе – Осасуна 2:1

Жирона – Реал Бетис 1:2

Рајо Ваљекано – Виљареал 2:1

Валенсија – Еспањол 2 :2

Кадиз – Селта 1:0


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk