logo
logo
logo

Квотербекот на Хјустон Тексанс обвинет за сексуално злоставување

Vecer | 03.04.2021

Квотербекот на Хјустон Тексанс обвинет за сексуално злоставување

Главниот додавач на НФЛ тимот Хјустон Тексанс, Дешон Водсон се најде во центарот на секс скандал од кои веројатно ќе има сериозни последици.

Славниот 25. годишен спортист, е обвине од повеќе од дваесет припаднички на понежниот пол дека сексуално ги злоставувал, а најголем дел од нив се физиотерапевти односно масерки.

Полицијата потврди дека е отворена истрага против Вотсон, напоменувајќи дека се додека не утврди за што станува збор нема да дава подетални информации.

„Жена поднесе тужба за сексуално вознемирување во полициската управа во Хјустон“ – наведено е во соопштението.

Сепак, ова не е изолиран случај, затоа што во округот Херис, државата Тексас, Вотсон се соочува со дваесетина вакви пријави за сексуален напад, вознемирување, или па непристојно однесување.

 

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk