logo
logo
logo

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: Шпанија во ново руво, Норвешка напаѓа без Халанд

Vecer | 25.03.2023

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: Шпанија во ново руво, Норвешка напаѓа без Халанд

Во декември минатата година Шпанија доби нов селектор. На местото на Луис Енрике дојде Луис де ла Фуенте кој доби задача да го препороди тимот и да ги реши проблемите во напаѓачките редови.
Ќе видиме дали поранешниот младински селектор на Шпанија ќе внесе живост во шпанскиот тим кој немаше успешен настап на СП во Катар.
Неговиот прв тест ќе биде Норвешка во Малага во рамките на 1.коло од квалификациите за ЕП 2024. Три дена подоцн „Фуријата“ ќе игра против Шкотска во Глазгов.
Де ла Фуенте направи голема реконструкција, само 11 фудбалери останаа од ростерот во Катар, а во тимот се врати и ветеранот Иаго Аспас. Голманот Давид Раја од Брентфорд би требало да застане меѓу диреците поради отсуството на Унаи Симон.
Омилената формација на шпанскиот селектор е 4-3-3, па во задната линија се очекува настап на Карвахал, Иниго Мартинез, Ајмерик Лапорт и Балде.
Во средниот ред би требало да бидат Родри од Манчестер Сити, во отсуство на Педри неговиот соиграч од Барса, Гави ќе му биде партнер на Дани Себаљос во средниот ред.
Во нападот Ојарзабал, Мората и Олмо.

МОЖНИ 11 НА ШПАНИЈА (Графика thehardtackle.com)


Норвешка ќе мора без напаѓачот Ерлинг Халанд. Ѕверот на Манчестер Сити игра во фантастична форма, но ете пред квалификациите се повреди и отсуствува. Па селекторот Стале Солбакен ги повика Александер Сорлот и Мохамед Елјонуси во нападот.
Скандинавската екипа се нема пласирано на голем турнир уште од ЕУРО 2000, а дали оваа година ќе биде поинаку ќе видиме. Во формација 4-3-1-2, Орјан Најланд би требало да застане меѓу стативите.
Во дефанзивниот ред Рајерсон, Остигард, Страндберг и Мелинг. Сандер Берге во средниот ред со крилата Фредрик Орснес и Мартин Одегард. Улогата на „десетка“ ќе ја преземе Матс Дели, а во нападот Сорлот и Елјонуси во отсуство на Халанд и Џошуа Кинг.

ИНТЕРЕСНО
* Норвешка не се пласирала на голем турнир 23 години
* Норвешка само еднаш во последните десет меча не примила гол од Шпанците.
* Шпанија има само еден пораз од Норвешка и тој е на ЕУРО 2000.

СОСТАВОТ НА НОРВЕШКА

ДРУГИ НАТПРЕВАРИ ОД ДЕНЕШНАТА ПРОГРАМА
15 ЧАСОТ
ШКОТСКА – КИПАР
18 ЧАСОТ
ЕРМЕНИЈА – ТУРЦИЈА
БЕЛОРУСИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
ИЗРАЕЛ – КОСОВО
20:45 ЧАСОТ
АНДОРА – РОМАНИЈА
ХРВАТСКА – ВЕЛС
ШПАНИЈА – НОРВЕШКА


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk