logo
logo
logo

Квалификации за СП 2022: Франција „киксна“ во Париз, Хрватска загуби од Словенија (ВИДЕО)

Vecer | 24.03.2021

Квалификации за СП 2022: Франција „киксна“ во Париз, Хрватска загуби од Словенија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Словенија успеа да направи големо изненадување победувајќи ја Хрватска во соседното дерби од квалификациите за СП 2022 вечерва во Љубљана со 1:0. Словенците со голот на Ловриќ поведоа уште во 15. минута на средбата и водството умешно го задржаа до крајот на мечот и успеаја да дојдат до големи три бода на стартот од квалификациите.

Селекцијата на БиХ извади само реми на гостувањето во Хелсинки против Финска, играјќи 2:2. Босанците први поведоа со голот на Пјаниќ, но со двата гола на Пуки, Финска направи пресврт за 2:1. Стевановиќ во 84. минута успеа да ја спаси селекцијата на Босна од пораз за конечни 2:2.

Црна Гора со пресврт успеа да ги освои бодовите на гостувањето во Рига. Летонија прва поведе во 40. минута, но само минута подоцна со својот прв гол вечерва Јоветиќ израмни на 1:1. Во вториот дел следуваше уште еден евро-гол на Јоветиќ за победа на Црногорците од 2:1.

Големо изненадување се случи на „Ст. Дени“ во Париз, каде Украина извади реми против Франција. Домашните поведоа преку Гризман, но благодарение на автоголот на Кимпебе, Украинците си заминаа со бод.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – 1. КОЛО

ГРУПА Д

Финска – БиХ 2:2

Франција – Украина 1:1

ГРУПА Е

Белгија – Велс 3:1

Естонија – Чешка 2:6

ГРУПА Г

Турција – Холандија 4:2

Гибралтар – Норвешка 0:3

Летонија – Црна Гора 1:2

ГРУПА Х

Кипар – Словачка 0:0

Малта – Русија 1:3

Словенија – Хрватска 1:0

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk