Кутињо може да не игра до крајот на сезоната поради финансиски проблеми на Барселона

Филипе Кутињо може да не игра, или да игра сосема малку до крајот на актуелната сезона поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона. Во моментот Бразилецот лекува повреда и се очекува да се врати на терените во март.
Според шпанските медиуми тренерот Роналд Куман ќе биде посоветуван да не го користи премногу Кутињо во завршницата на сезоната. Причината е клаузулата во договорот при трансферот од Ливерпул. Ако фудбалерот одигра уште седум натпревари за Барселона, каталонците ќе треба да му платат дополнителни 5 милиони евра на англискиот клуб.
Тоа може дополнително да ја усложни финансиската состојба на шпанскиот гигант, кој треба да му исплати на Ливерпул уште 25 милиони фунти според договореното и општо 112 милиони на 19 различни клубови.
Кутињо сезонава одигра 14 натпревари со ефект од три гола и две асистенции.
sportmedia.mk