Томислав Кушан на почетокот на дуелот со Татабања се здоби со повреда. Не станува збор за никаков дуел, почувствува болки и падна на теренот. Болките беа големи, Кушан не може да стане, па со носилки беше изнесен.

Од таборот на Е.Пелистер се огласи со првични информации.

„Кушан има повреда на нерв во грбот, па по силните болки, прими инјекција и веќе се наоѓа во својот дом каде што мирува. Во следните неколку дена ќе биде подложен на нови испитувања. РК Еурофарм Пелистер му посакува брзо заздравуваење“, се вели во известувањето на Е.Пелистер.

sportmedia.mk