logo
logo
logo

Купот на Македонија од 14 до 16 мај, КФСМ распиша конкурс

Vecer | 09.04.2021

Купот на Македонија од 14 до 16 мај, КФСМ распиша конкурс

Кошаркарска федерација распиша конкурс за организатор за Финалниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во машка и женска конкуренција.

„Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, и одлуката на Управниот одбор од 05.04.2021 година, Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ги поканува заинтересираните правни и физички лица да поднесат пријава за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур 2021 во машка и женска конкуренција.

Поднесувањето на пријавите е најдоцна до 15.04.2021 година на следната емаил адреса: [email protected]

Во пријава потребно е да бидат наведени следните податоци:

  • Назив на фирма (за правно лице) или име и презиме (за физичко лице)
  • Адреса на фирма (за правно лице) или адреса на живеење (за физичко лице)
  • ЕМБС (за правно лице) или ЕМБГ (за физичко лице)
  • Телефонски број, емаил адреса

По поднесувањето на пријавите за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур 2021 во машка и женска конкуренција, Федерацијата ќе одреди датум за online јавно наддавање (лицитација).

Почетната сума на јавното наддавање за организација на Купот изнесува 500.000 денари.

Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на сметката на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија (300000003207438) во Комерцијална банка ад Скопје.

Организаторот на Финалниот турнир за Купот 2021 кој ќе се одржи од 14 до 16 мај 2021 година, ги добива правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања и според Прирачникот за организација на Финалниот турнир.“, се вели во соопштението на КФСМ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk