logo
logo
logo

Куп на Македонија (ЖЕНИ): Вардар и Бадел фаворити за финалето!

Vecer | 07.05.2021

Куп на Македонија (ЖЕНИ): Вардар и Бадел фаворити за финалето!

Денеска и официјално стартува битката за Куп-трофејот „Благоја Георгиевски Буштур“ во женска конкуренција. Бранител на тронот е Врадар, во последните три години токму овој пехар завршуваше во рацете на „црвено-црните“. Противник во полуфиналето е Баскет Кам 2011 за кого оваа е прва натпреварувачка сезона, овој меч е втор на програмата (17 часот).

„Прво сакам да им честитам на сите екипи што постигнаа ваков резултат во оваа специфична сезона. Јас сум нов тренер во кошаркарскиот клуб Вардар и во релативно кратко време можам да кажам дека постигнавме една многу добра игра. Девојките се залагаат максимално и во последниот месец покажаа многу добра игра што ме радува. На првиот натпревар против Баскет Кам можам да кажам дека можеби имаат повеќе искуство на нивна страна со новите засилување, но од друга страна важно е да се знае дека не секогаш искуството победува. Мислам дека екипите што ќе покажат најмногу срце и залагање на теренот ќе победат. Им посакувам многу среќа на сите екипи и се надевам дека нашиот клуб ќе влезе во финалето и ќе го освои Купот“, изјави Јелена Антиќ тренерот на Вардар.

Претходно во првото полуфинале силите ќе ги одмерат Бадел и Крива Паланка, мечот е закажан со почеток во 14 часот.

Финалето е закажано за во недела (17 часот).

ФОТО: КФСМ 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk