logo
logo
logo

Куп на Македонија: Осум тима во трка за пехарот, Работнички е најтрофејниот!

Vecer | 14.05.2021

Куп на Македонија: Осум тима во трка за пехарот, Работнички е најтрофејниот!

Денеска стартува битката за пехарот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“. Осум екипи имаат само една желба – во недела да се искачат на пиедисталот. Оваа сезона покажа дека фаворити нема, шампионатот беше изедначен, изненадувањата не се исклучени.

Четвртфиналето почнува во 12 часот, Пелистер игра против Академија ФМП, можеби ова е единствениот меч во кој доминацијата е на страната на битолчани. Сепак не треба да се отпишат ниту кошаркарите на Александар Петровиќ, пред нив паднаа големи фаворити, па останува да видиме дали можат да приредат нова сензација.

Работнички и ТФТ ќе истрчаат втори во „Кале“ (14:30 часот). Во досегашните пресметки е 1-1, па токму затоа се очекува ова да биде неизвесна битка за место во полуфиналето. Работнички е најтрофејен тим во Купот на Македонија, има десет пехари, последниот го освои пред две години, па влегува како бранител.

Тогаш на клупата беше Марин Докузовски, кој му остави тешка задача на својот наследник Димитар Мираковски.

Оваа полуфинална двојка вкрстува со дуелот меѓу Еуро Никел и Гостивар (17 часот). Победникот тешко може да се прогнозира. Кавадарчани играат одлична сезона, истото важи и за гостиварци, денеска ќе бидат на вистински тест, ќе видиме кој ќе го издржи притисокот.

Последен меч на програмата е дуелот меѓу МЗТ Скопје и Куманово. Подобриот од оваа средба ќе игра против Пелистер или Академија ФМП. Избраниците на Дарко Радуловиќ покажаа низа слабости, Куманово пак покажа дека знае да ги казни.

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk