logo
logo
logo

Куп на Македонија: Металург по неверојатен-чудесен пресврт го елиминираше Куманово за финале!

Vecer | 14.05.2022

Куп на Македонија: Металург по неверојатен-чудесен пресврт го елиминираше Куманово за финале!

Куманово и Металург дадоа одличен вовед на Купот на Македонија во женска конкуренција. Во салата „Јасмин“ видовме неверојатна битка и уште поневеројатен пресврт, на крајот славеше Металург со 21-25 за место во финалето.

Кога се чинеше дека бранителот на трофејот го фати вистинскиот пат кон ново финале,  Со 4-0 серија, Дамчевска повика тајм-аут, а Металург се разбуди. Со серија од 1-9 направи пресврт, поведе со 19-23 на пет минути до крајот.

Куманово влезе во голема криза, а добра работа заврши голманката на тимот од Автокоманда која беше одлична на својата мрежа.

Металург остана со играч помалку, откако Арсениевска доби црвен картон. Куманово по долго време конечно реализираше, намали на 21-23 на минута и пол до крајот. Божиновска стави печат. На другата страна Куманово направи пробивање за големо славје на ракометарките на Металург.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk