logo
logo
logo

КУП НА МАКЕДОНИЈА: Металург го брани пехарот, Вардар оди по 14-ката!

Vecer | 13.05.2021

КУП НА МАКЕДОНИЈА: Металург го брани пехарот, Вардар оди по 14-ката!

Последниот освојувач на Купот на Македонија, Металург денеска (16:30 часот) ќе го предизвика Вардар 1961 во полуфиналето. Оваа пресметка ќе биде реприза од финалето пред две години. И тогаш „црвено-црните“ беа апсолутни фаворити, но тимот од Автокоманда на дело потврди дека во Купот на Македонија, не секогаш победуваат посилните.

Дека ова ќе биде интересна пресметка говори и првата пресметка оваа сезона, Вардар 1961 добро се намачи да го совлада градскиот ривал. Добра вест за „металурзите“ е враќање на Марко Тарабокиа, на другата страна во составот на најтрофејниот тим во ова натпреварување нема да биде Анте Гаџа.

Во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Е.Пелистер и Бутел Скопје. Битолчани го немаат освоено овој пехар од 2005 година, на другата страна скопскиот тим ќе бара сензација за историско финале. Мечот е закажан во 19 часот.

Кога сме кај историјата во ова натпреварување, Вардар има 13. титули, Металург 6, Пелистер 5, Борец, Куманово и Тутунски Комбинат по една.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk