Кошарка

Куманово со пораз стартуваше во БИБЛ лига

Кошаркарите на Куманово не успеаја триумфално да ја стартуваат сезоната во БИБЛ-лигата, губејќи на гостувањето против Левски со 85:78.

По разочарувачкиот пораз од Работнички во домашното првенство, кумановци повторно не се снајдоа во завршницата од еден неизвесен меч, па на крајот не им преостана ништо друго освен да му ја честитаат победата на противникот.

Миљковиќ со 17 поени беше најефикасен кај македонскиот клуб, пред Караџовски со 16 и Јанески со 15 поени. Во рамките од второто коло Куманово ќе го пречека тимот на Ибар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари