logo
logo
logo

Куманово повторно поразен во БИБЛ

Vecer | 10.03.2021

Куманово повторно поразен во БИБЛ

Куманово го запиша вториот пораз во втората рунда во БИБЛ-лигата, овој пат на домашен терен. Македонскиот претставник не успеа да дојде до целиот плен ниту против Хапоел Холон беше совладан со 74-83.

Кошаркарите на Куманово имаа краток блесок на оваа средба. По изедначените 16-16 по првата четвртина, на кратко поведоа со 18-16 и 20-18, а потоа мечот целосно им припадна на гостите, кои пред одморот имаа двоцифрени 24-35 и 30-40.

Кумановци во последниот период успеаја да ја надокнат негативата, имаа водство од 68-66 и 69-68, но Хапоел со серија од 13-0 дојде на плус 69-81 и ги реши сите дилеми на оваа средба.

Ливингтсон и Марковски имаа по 15 поени, беа единствените играчи кои имаа двоцифрена бројка.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk