logo
logo
logo

Куман суспендиран на два меча - ќе го нема на дербито со Атлетико!

Vecer | 30.04.2021

Куман суспендиран на два меча - ќе го нема на дербито со Атлетико!

Нов проблем за Барселона. Тренерот Роналд Куман ќе мора на „ладење“, па каталонскиот великан ќе мора следните два меча да ги игра без него. Тоа се гостувањето на „Местаља“ против Валенсија и супер-пресметката со Атлетико Мадрид на „Ноу Камп“, директниот ривл за титулата.

Причината за суспензијата е црвениот картон што Куман го доби вчера на мечот со Гранада поради коментари кон судијата. Куман ќе го нема на клупата на мечот со Валенсија во сабота, како и мечот со лидерот Атлетико Мадрид на 8 мај.

Иако Куман велеше дека ништо лошо не му рекол на судијата, четвртиот судија го забележа во својот бележник, па Дисциплинската комисија денеска донесе одлука да го казни Холанѓанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk