logo
logo
logo

Куман: Недозволиво за Барса е да прими три гола во едно полувреме; Бускетс: Сами сме си виновни

Vecer | 12.05.2021

Куман: Недозволиво за Барса е да прими три гола во едно полувреме; Бускетс: Сами сме си виновни

Барселона одигра 3:3 против Леванте и покрај водството од 2:0 и со тоа си ги упропасти шансите за освојување на титулата во Ла Лига. Овие загубени два бода скапо ќе ги чини каталонците на крајот на сезоната. Но не само овој кикс, гледајќи наназад Барселона има само една победа на последните четири меча. Тоа е неверојатен пад во период кога треба да се фати залет. Одбраната беше очајна, во второто полувреме Леванте постигна три гола и си освои бод. Прво тимот од Валенсија стигна на 2:2, а потоа на 3:3.

Тешко е да се објасни што се случи. Во првото полувреме екипата играше одлично, меѓутоа во второто полувреме го забави темпото. Погрешивме во многу ситуации. Добро одговоривме при 2:2, но се браневме очајно. Не е нормално за Барса да прими три гола за 45 минути. Му дадовме храброст на противникот и тој тоа го искористи. Нашата цел беше да ги добиеме сите три натпревари до крајот меѓутоа сега е екстремно тешко. Разочарани сме“, изјави тренерот Роналд Куман.

Не успеавме да воспоставиме контрола на мечот во вториот дел и плативме за неколкуте грешки. Второто полувреме  го одигравме лошо. Самите сме си виновни за тоа што се случи. Изгубивме концентрација на последните мечеви и испуштивме многу поени и тоа нѐ оддалечи од титулата“, вели Бускетс.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk