logo
logo
logo

Кудуз: Загреб ги казни нашите грешки!

Vecer | 08.12.2021

Кудуз: Загреб ги казни нашите грешки!

Вардар 1961 остана со празни раце, од Загреб се враќа со сценарио на кое најмалку се надеваше. Имаше шанси вечерашниот натпревар, последен од оваа календарска година да го заврши поинаку, можеше во најмала рака да освои бод. По предност од три гола во 22. минута, македонскиот тим не се снајде во лудиот финиш, тоа го чинеше пад на седмото место на табелата во групата А.

„Му честитам на Загреб за победата и како се крева од меч во меч. Овој натпревар беше доста чуден. Во првиот дел создававме добри шанси, не игравме лошо во нападот, но промашувавме, нешто фати голманот, нешто заврши во стативата, но држевме приклуок . Во вториот дел ситуацијата се сврте, противникот почна да греши, но како што одминуваше натпреварот, во одлучувачките моменти кога требаше да одиграме онака како што треба, не го направивме тоа, а тоа се казнува тука. Ова беше чудено балканско дерби“, изјави Кудуз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk