logo
logo
logo

Кудуз: Монпеље нека биде „отрезнување“ за она што следува

Vecer | 19.10.2021

Кудуз: Монпеље нека биде „отрезнување“ за она што следува

Анте Кудус пак слично како и тренерот на РК Вардар, Веселин Вујовиќ е свесен за она што следува утре од 18:45 минути за нашиот ракометен великан во рамките од новото коло од Лигата на Шампионите. Дуел на гости против Алборг, екипа која Вардар во Скопје ја шокираше со маестрална партија. Од друга страна пак, и Кудуз е реален во очекувањата и смета дека Вардар мора да се исправи пред предизвикот, да го заборави поразот од Монпеље на кој малку што функционираше во тимот на Вардар и да се сконцентрираат на она што следува утре.

„Алборг сигурно ќе бара победа во реваншот, но сигурно дека и ние ќе се прашаме нешто во тој дуел. Се подготвивме добро за мечот, слушаме што ни кажува шефот. Ќе биде интересен натпревар. Ние доживеавме еден студен туш против Монпелје и можеби тоа е добро, една шлаканица за да се разбудиме малку. Секој натпревар е различен, за тоа нема дискусија, сигурно дека сега тие многу подобро се подготвени за нас. Меѓутоа не верувам да има големи изненадувања, бидејќи и ние знаеме како играат тие и тие знаат како играме ние. Во секој случај очекувам еден борбен натпревар.“ – , истакна Кудуз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk