logo
logo
logo

Крзнар: Можеме да го минеме Виљареал

Vecer | 19.03.2021

Крзнар: Можеме да го минеме Виљареал

Екипата на Динамо Загреб на со нашите интернационалци во составот, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, во четвртфиналето од Лигата на Европа ќе се сретнат со екипата на Виљареал.

Тренерот на „Модрите“ Дамир Крзнар веднаш по ждрепката во Нион изјави дека според него,м не е нереално да се очекува триумф и во овој двомеч како во оној од синоќа против тимот на Тотенхем, кој Динамо го доби со вкупни 3:2.

„Можеше да биде и подобро, но и полошо. Нашата шанса е голема и реална, можеме да ја минеме и оваа пречка. Убаво е да се види како по децении чекање, Динамо минува елиминациони фази од елитните Рвропски натпреварувања. Не треба да се плашиме од сонот дека и ние може да се најдеме во финалето во Гдањск“ – изјави Крзнар па додаде.

„Убаво е да си во Динамо во овој момент. Ова се убави денови за нас. Се надевам дека нема кратко да траат дека ќе траат што подолго. Сепак, реалноста е сосема поинаква, а таа се вика домашен шампионат, и меч против Горица. Тие мечеви и победите во нив ни овожуваат мечеви против Тотенхем и Виљареал“ – изјави Крзнар.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk