logo
logo
logo

Крстевски: Овој тим може многу подобро, резултатот не е реален!

Vecer | 29.11.2021

Крстевски: Овој тим може многу подобро, резултатот не е реален!

Бојан Крстевски беше една од посветлите точки на дуелот против Украина. Како капитен се обидуваше да ги дигне своите соиграчи, но едноставно Македонија вечерва се изгуби во второто полувреме.

Крстевски на официјалната прес-конференција по завршување на мечот потенцира дека верува во овој состав.

„Им честитам за победата на Украина. Одигравме навистина добро прво полувреме, штета што не продолживме во ист ритам во второто полувреме. Имавме пад на концентрацијата, истиот проблем го имавме и против Шпанија. Тренерот не предупреди дека мора да бидеме фокусирани 40. минути доколку сакаме да победиме. Овој тим може многу подобро, крајниот резултат не е реален, не игравме толку лошо колку што е крајната разлика. Верувам во момците и верувам дека ќе бидам подобри во иднина“, изјави Крстевски.

Македонија во февруарските квалификации ќе одигра двомеч со Грузија, прво на гостински терен, а потоа во Скопје. Ќе мора да тргне победнички доколку сака да освои едно од првите три места кои носат пласман во втората фаза од квалификациите за СП 2023 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk