logo
logo
logo

Кротоне на чекор да стане најлошиот тим кој некогаш играл во Серија А лигата!

Vecer | 09.05.2021

Кротоне на чекор да стане најлошиот тим кој некогаш играл во Серија А лигата!

Кротоне одамна ги загуби сите шанси во борбата да остане во друштво на најдобрите во Серија А, но со денешниот пораз кај Рома од 5:0, овој клуб е на само чекор да испише неверојатен антирекорд во италијанската фудбалска елита.

Со денешниот пораз на „Олимпико“, Кротоне стигна до бројката од 90 примени голови оваа сезона. Историски гледано, само еден тим прими повеќе голови во историјата на Серија А. Тоа е тимот на Казалеа кој примил 91 гол во сезоната 1933/1934.

До крајот на сезоната во Италија има уште три кола. Тоа се уште три меча кои Кротоне треба да ги одигра, а на кои не смее да прими повеќе од еден гол, доколку сака да не остане запишан со црни букви во историјата на италијанската фудбалска елита.

На преостанатите натпревари, Кротоне за противник ќе ги има Верона, Беневенто и Фиорентина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk