logo
logo
logo

Крос се заразил со Ковид-19, Реал ќе мора без него во битка за титулата

Vecer | 17.05.2021

Крос се заразил со Ковид-19, Реал ќе мора без него во битка за титулата

Халфот на Реал Мадрид Тони Крос е позитивен на КОВИД-19, објавија од кралскиот клуб. Германецот е во изолација од петокот откако имал директен контакт со заразен човек. Првичните резултати му беа негативни, но денеска тестот покажал дека тој е позитивен на коронавирусот.

Па така германскиот интернационалец нема да може да му помогне на Реал во последното коло од Ла Лига против Виљареал кој е од огромна важност. Реал мора да го добие тој натпревар, а истовремено да чека кикс на големиот ривал Атлетико Мадрид кој е на чело на табелата. Разликата меѓу нив е два бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk