logo
logo
logo

Крос го спаси Реал од пораз, Атлетико (М) и натаму е лидер во Ла Лига (ВИДЕО)

Vecer | 09.05.2021

Крос го спаси Реал од пораз, Атлетико (М) и натаму е лидер во Ла Лига (ВИДЕО)

Иако имаа се во свои раце, фудбалерите на Реал (М) направија уште еден голем пропуст во борбата за шампионската титула во Ла Лига. Во последниот меч од 35. коло, вечерва на својот стадион „кралевите“ не успеаја да ја победат Севилја, играјќи нерешено 2:2,  и со тоа им дадоа „фора“ на градските ривали Атлетико во трката за шампионскиот пехар.

Реал тргна добро и Бензема веќе во 12. минута погоди. Сепак, по ВАР реакцијата голот беше поништен поради офсајд. Само 10 минути подоцна, Ракитиќ асистира, а Фернандо успеа да го погоди голот на домашните и да донесе шок кај Реал, но и водство на Андалузијците од 1:0.

Во вториот дел Реал се врати со израмнување во 67. минута. Имено, само една минута откако влезе на теренот како замена за Модриќ, Марко Асенсио погоди за 1:1. Но, повторно само десет минути подоцна, Севилја се врати во водство. Пенал во шеснаесетникот на домашните, Ракитиќ погоди за водство на Севилја од 2:1.

Во судиското продолжение од 6 минути, Тони Крос успеа да погоди од далечина и да донесе барем бод за „кралевите“ на овој исклучително важен меч.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk