logo
logo
logo

Кристијано Роналдо најдобар во Серија А за сезоната 2019/2020!

Vecer | 20.03.2021

Кристијано Роналдо најдобар во Серија А за сезоната 2019/2020!

И одново Кристијано, и одново Роналдо. А, кој друг ако не Португалецот во дресот на Јувентус. Имено Кристијано Роналдо по вторпат едноподруго е избран за најдобар фудбалер во Серија А. Така беше во сезоната 2018/2019 така е и сега, за минатата сезона 2019/2020.

Не треба да се трошат зборови што Португалецот направи за да биде најдобар, за да неговиот Јуве минатата сезона дојде до нов шампионски пехар во Серија А.

Но за оваа, тековната сезона, веројатно нема да биде избран за бр.1 во Серија А. Неговите, на моменти, бледи игри, и фактот дека Јуве е далеку од Скудетото, ќе го одмине наградата за најдобар.

Покрај Роналдо, во идеалниот тим за минатата сезона се и Донарума, Госенс, Бонучи, Де Фрај, Тео Ернандез, Гомез, Барела, Луис Алберто, Дибала и Имобиле.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk