logo
logo
logo

Кристијан Стојкоски: Ова е некој нов, модерен Работнички!

Vecer | 10.03.2021

Кристијан Стојкоски: Ова е некој нов, модерен Работнички!

Ако во минатата есен не беше во преден план кај Ратко Достаниќ, сега веќе не е така. Кристијан Стојкоски е клучниот играч на Работнички оваа пролет. Во тимот се се врти околу него, дава голови, ги изведува прекините, и заедно со Лука Станковски се главни “фаци“ во тимот кој оваа пролет игра како препороден.

Изминатиот викенд одигра маестрално на ФФМ против својот некогашен клуб Шкупи. Го даде првиот гол, го намести вториот. Па треба ли уште нешто за да биде играч на натпревар, играч на коло според СПОРТМЕДИА.

“Да, не бев во преден план кај Достаниќ, но за тоа виновна е и мојата повреда, која ја “донесов“ кога дојдов во клубот. Сепак не сакам да се навраќам на тоа што беше минатата есен, тоа мора да се заборави. Важно е што сега играм навистина добро, јас сум задоволен, како и целиот тим на Работнички. Атмосферата е другарска, сум бил играч во Ѓорче, во Шкупи, во А. Пандев, но верувајте никаде не е како во Работнички. Токму затоа и играм добро“ вели популарниот Кико.

За се ова своја заслуга има, според него, тренерот Александар Влахо.

“За разлика од есеноска ова е некој нов, модерен Работнички. Видете, тој ја наметна таа атмосфера во тимот, во соблекувалната. Тој не натера да играме модерен фудбал, со висок пресинг, со многу трчање. Многу пријатели по мечот со Шкупи ми велеа дека биле воодушевени од тоа како одиграл мојот тим, и јас сум горд на тоа. Секако дека сме засилени, раководството на клубот се погрижи да донесе квалитетни имиња, имаме долга клупа, се е во наша корист. Сметам дека можеме да одиграме уште подобро. Ако во сабота ја победиме Академија Пандев, тогаш можеби да размислуваме, со оглед на распоредот во третиот круг, и за напад на тоа трето место кое води сигурно во Европа“ изјави за СПОРТМЕДИА офанзивецот на “романтичарите“ Кристијан Стојкоски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk