logo
logo
logo

Кристалниот глобус во супервелеслалом за Лара Гут

Vecer | 28.02.2021

Кристалниот глобус во супервелеслалом за Лара Гут

Швајцарката Лара Гут-Бехрами ја обезбеди титулата во супервелеслалом во рамки на Светскиот куп на скијање по денешната трка во Вал ди Феса, на која го освои второто место, зад победничката Федерика Брињоне од Италија.

Брињоне мина прва низ целта со 59 стотинки пред Гут-Бехрами, а место на подиумот имаше и за уште една швајцарска скијачка, Корин Сутер, кој заостана зад победничката 72 стотинки.

За Брињоне, која лани победи во Светскиот куп, ова е прва победа сезонава, а вкупно 16 во кариерата со што се израмни со досега најдобрата италијанска скијачка Дебора Компањони.

На една трка до крајот на сезоната во супервелеслалом, Гут-Бехрами има недостижна предност од 202 бодови пред Брињоне. Ова е трет мал кристален глобус во супервелеслалом за 20-годишната Гут-Бехрами, која во генералниот пласман во Светскиот куп води со 150 бодови пред Петра Влхова од Словачка.

Денешната трка во Вал ди Фаса ја одбележаа излетувања од патеката на Кајса Викоф од Норвешка и Австријката Росин Шнебергер, кои со хеликоптер беа пренесени во болница.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk