Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, потврди дека малдиот 23-годишен првотимец на „лисиците“, Харви Барнс ќе треба да оди на операција на коленото по повредата која ја заработи на денешниот меч против Арсенал.

Според Роџерс, Харви сигурно нема да биде со тимот во наредните 6 недели.

Крилниот напаѓач на Лестер, кој има 13 голови оваа сезона, беше еден од најсериозните кандидати за место во англиската фудбалска репрезентација, која во март има квалификациски мечеви за СП 2022. Тој исто така останува во планот на Саутгејт и за настап на ЕУРО 2020.

 

sportmedia.mk