Винсент Крихмаер од Австрија денеска го освои златниот медал во супер-џи трката на СП во алпско скијање во Кортина Д`ампецо. Австрискиот претставник до триумфот стигна со време 1:19. 41, додека среброто му припадна на Ромед Бауман од Германија, кој пак патеката ја “извозе“ за 0.07 секунди поспоро од новиот светски првак. На третото место се најде Алексис Пантуро, скијачот од Франција, инаку лидер во годинашниот Светски куп, кој пак имаше поспоро време од 38 стотинки зад Крихмаер.

sportmedia.mk