logo
logo
logo

Крихмаер победник на последната трка пред Светското првенство

Vecer | 06.02.2021

Крихмаер победник на последната трка пред Светското првенство

Австрискиот скијач Винсент Крихмаер славеше на денешната супервелеслаломска трка во Гармиш-Партенкирхен. Крихмаер победи на патеката „Кандахар“ со време 1:12.68 пред сонародникот Матијас Маер кој беше побавен за 17 стотинки.

На третото место на подиумот се искачи Марко Одермат кој имаше послабо време за 49 стотинки во однос на победникот.

Крихмаер остана лидер во поредокот во супервелеслаломот со 341 поен. Инаку ова е последна трка во Светскиот куп пред стартот на Светското првенство во италијанската Кортина д’Ампецо кое почнува во понеделник.

Foto> Olympic Channel


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk