logo
logo
logo

Кратовци слават: Каракамишев го однесе Силекс во големото финале... (ВИДЕО)

Vecer | 07.04.2021

Кратовци слават: Каракамишев го однесе Силекс во големото финале... (ВИДЕО)

Чекаа 24 години дочекаа. Силекс е во големото Куп финале, откако попладнево во Струга со 1:0 ја победи домашната Струга Трим Лум. Решавачкиот гол беше дело на Ристе Карамишев во 82.минута. Стружани беа поактивни, имаа повеќе шанси, но Силекс слави.

Па така на 19 мај Силекс си закажа дуел со Академија Пандев во големото Куп финале на Македонија.

Нема историја за Струга Трим Лум.

Како што и се очекуваше, со оглед на важноста на мечот, и двете екипи започнаа многу внимателно. Се играше со многу тактика. Сепак Јајха во 3.минута се закани, но немаше гол. Во 25.минута Пепи Горгиев постигна гол, истиот беше поништен поради офсајд, сепак оваа ситуација беше крајно сомнителна. Сепак судиите на чело со Крумислав Ѓорѓиев одлучија дека напаѓачот на кратовци бил во офсајд, иако ТВ снимката покажа нешто друго.

Таа ситуација како да ги “разбуди“ стружани. Тргнаа во напад, имаа комбинаторна игра. Таири во 31.минута шутираше силно од слободен удар од колу 30 метри но голманот на кратовци, Даниел Божиновски едвај одбрани. Тру минути подоцна идеална ситуација за Струга Трим Лум, но Скендери од 7-8 метри место да ја “скине“ мрежата, тој ја утна топката и шансата отиде во неврат.

КАРАКАМИШЕВ И ГОЛ ЗА СИЛЕКС..

Вториот дел започна со поагресивна игра на Струхга Трим Лум, но без некоја конкретна акција или шанса за гол. Своја улога играше и силниот ветар.

Но тој не им пречеше на домашните кои се разлетаа по теренот, па така во 58.минута Цаке имаше убава шанса по шутот со глава, но Божиновски одбрани, а потоа и Миленковски се закани, но резултатот остана на тие 0:0. Во 71.минута одново шанса за стружани, Алтипармаковски имаше зицер, но шутираше во гостинскиот голман.

Во овие моменти и конечно се “отвори“ мечот, сега и Силекс како да тргна во напад.

И кога нема да дадеш гол, казната стигнува. Тоа се случи во 82.минута кога по центаршутот на Ристов, стоперот Ристе Каракамишев непречен од никого шутира прецизно со глава за 1:0 за Силекс. Во 84.минута Јахја доби втор жолт, односно црвен и Струга ТЛ остана со играч помалку на теренот.

На крајот останаа тие 0:1 за Силекс, славје на кратовци за пласманот во финалето.

ПОЛУФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС 0:1 (0:0)

Градски стадион во Струга. Гледачи: /. Судија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип). Стрелци: Каракамишев 82. (СИЛ). Ж. Картони: Јахја, Таири, Ристевски, Б. Шабани (СТР), Мустафов, Ј. Серафимовски, Ивановски (СИЛ). Ц. Картони: Јахја 84. (СТР).

Играч на натпреварот: Ристе Каракамишев (Силекс).

СТРУГА ТРИМ ЛУМ: Мирселовски, Ристевски, Цаке, Јахја, Таири, Алтипармаковски, Миленковски, Мециновиќ, Б. Шабани, Скендери (46. Лена), Босанчиќ.

СИЛЕКС: Божиновски, Манасиевски (55. В. Серафимовски), Драшковиќ, Каракамишев, Ивановски (90+4. Галевски), Ј. Серафимовски, Горгиев, Мустафов, Ристов, Карчески (66. Додевски), Тантуровски (66. Ѓорѓевиќ)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk