Лига на шампиони - полуфинале

Кралот е "мртов'', Јувентус е вториот финалист

Иако ја имаше предноста на домашниот терен и имаше потреба од само минимална победа, бранителот на тронот, шпанскиот гигант Реал (М) одигра само нерешено против гостинот од Торино (вкупно 2:3).

Европа ќе добие нов клупски шампион, а тоа ќе биде подобриот од финалниот дуел помеѓу каталонскиот гигант Барселона и старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Иако ја имаше предноста на домашниот терен и имаше потреба од само минимална победа, бранителот на тронот, шпанскиот гигант Реал (М) одигра само нерешено против гостинот од Торино (вкупно 2:3).

Во 23 минута, домашинот дојде во водство откако најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо успешно го изведе ударот од белата точка, а израмнувачкиот погодок кој на крајот се покажа и како пресуден за пласманот во финалниот натпревар, беше дело на поранешниот напаѓач на "кралскиот клиуб", Алваро Мората.

Финалниот натпревар ќе биде одигран на 6. јуни на "Олимпискиот" стадион во Берлин.

Поврзани

Најнови вести

Коментари