Ете, и тоа се случи. Да има некој фудбалер на Реал Мадрид кој одбива да го носи дресот со бр.7 на грбот. А тој е Винициус Жуниор.

Имено раководството на “крачевите“ и фановите на клубот од Мадрид, се во шок.

Тие не можќат да сфатат дека Бразилецот сака и натаму да го носи дресот со бр.20, а не “седумката“ која сега ја носи очајниот Еден Азар. Реал Мадрид сака по секоја цена да го “откачи“ Азар и за наредната сезона има намера, ако тој сепак остане во Мадрид, да му ја земе “седумката“ која пред него ја носеше Кристијано Роналдо.

Сепак, сега проблеми прави Винициус.

Инаку познато е дека бројот седум е култен број на “Сантијаго Бернабеу“. Пред Роналдо белиот дрес на Реал со тој број го носеа Раул, Бутрагењо, Хуанито, Амансио, Копа…


sportmedia.mk