logo
logo
logo

Крај на соработката: Интер го испраќа Конте со седум милиони евра

Vecer | 26.05.2021

Крај на соработката: Интер го испраќа Конте со седум милиони евра

Антонио Конте и официјално ги напушта редовите на Интер. Иако овој тим ја прекина доминацијата на Јувентус и го освои „Скудетото“, сепак челниците на клубот и стратегот ја прекинаа соработката.

Конте не може да се помири со фактот дека Интер ги продава играчите и покрај освојувањето на титулата, неговите размислувања се различни од оние на првите луѓе на клубот.

Интер на Конте ќе му исплати седум милиони евра за прекинот на соработката од вкупните 13,5 милиони евра кои му следеа за последната година од актуелниот договор.

Конте две години беше тренер на Интер, со кој освен титулата стигна и до финалето од Лига Европа.

Како први кандидати за неговото место се Алегри и Инзаги. Останува наскоро да биде познато името на новиот стратег на Интер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk