logo
logo
logo

КРАЈ на олимпискиот сон на Ѓоковиќ, Зверев ќе игра за златниот медал во Токио

Vecer | 30.07.2021

КРАЈ на олимпискиот сон на Ѓоковиќ, Зверев ќе игра за златниот медал во Токио

Новак Ѓоковиќ е поразен од Александар Зверев со 1:5,6:3,6:1 во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио и тоа откако имаше сет и брејк предност.

Ова значи крај на сонот на Ѓоковиќ да го освои „златниот слем“, односно да победи на сите четири грен слем турнири и да го освои златниот медал на Игрите во Токио.

Српскиот тенисер одлично го започна мечот, релативно лесно го освои првиот сет со 6:1, во вториот имаше предност од 3:2 и сервис. Но, тогаш се случи голем пад во играта на Ѓоковиќ, додека Зверев почна да ги погодува во важните поени. Германецот освои осум поени по ред, и 10 од последните 11 поени со кои негативата од 2:3 ја анулира и поведе со 5:3 во гемови по што не му беше проблем на свој сервис да дојде до израмнување на 1:1 во сетови.

Во одлучувачкиот сет, Германецот одигра одлично, додека кај Ѓоковиќ како да застана првиот сервис. Тоа го искористи Зверев да направи два брејка на стартот со кои поведе со 4:0 по што беше јасно дека тој ќе игра против Карен Качанов во финалето на олимпискиот турнир. До крајот на мечот, Зверев направи уште еден брејк со кој дојде до конечни 6:1.

#новак ѓоковиќ #александар зверев #препорачано #летни олимписки игри во токио

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk