logo
logo
logo

КРАЈ НА ЉУБОВТА: Роналдо е СЛОБОДЕН, си оди од Манчестер

Vecer | 22.11.2022

КРАЈ НА ЉУБОВТА: Роналдо е СЛОБОДЕН, си оди од Манчестер

Кристијано Роналдо веќе е слободен фудбалер откако денеска Манчестер Јунајтед соопшти дека обострано го раскинале договорот со Португалецот. Португалскиот напаѓач веднаш ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Одлуката доаѓа по контроверзното интервју во кое 37-годишниот фудбалер го критикуваше клубот и рече дека „нема почит“ за менаџерот Ерик тен Хаг.

Двете страни потврдија дека заминувањето на Роналдо е „спогодбено договорено“.

„Клубот му се заблагодарува за неговиот огромен придонес во двата периоди на Олд Трафорд“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Роналдо е со Португалија на Светското првенство во Катар и ќе ја предводи како капитен на првиот натпревар од групата Х против Гана в четврток.

Тој имаше нешто повеќе од седум месеци до крајот на договорот со Манчестер Јунајтед, а неговото заминување му остава слободен простор да потпише за друг клуб кога ќе се отвори преодниот рок во јануари.

„По разговорите со Манчестер Јунајтед, заеднички се договоривме предвреме да го завршиме нашиот договор“, се вели во изјавата на Роналдо.

„Го сакам Манчестер Јунајтед и ги сакам навивачите, тоа никогаш нема да се промени. Сепак, чувствувам дека е вистинско време за мене да барам нов предизвик. На тимот му посакувам успех во остатокот од сезоната и во иднина“, истакнува Португалецот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk