logo
logo
logo

Кожув остана во игра за плеј-офот

Vecer | 11.04.2021

Кожув остана во игра за плеј-офот

Куманово е се подалеку од местото кое води во плеј-офот. На гостувањето кај Кожув го запиша третиот пораз во низа (79-76) во заостанат меч од 10. коло во Првата лига и направи голем чекор назад кон осигурување на билет за првите осум места.

На другата страна гевгеличани успеаја да се вратат на вистинската патека, добрата игра во првото полувреме (47-30)  на крајот беше клучна за овој триумф. Симоновски со 17 поени и Станојевиќ со 16 поени беа први стрелци, Куманово ги имаше расположените Џекиќ и Ливингстон, кои заедно реализираа 43 поени.

Гевгеличани со новите бодови се искачија на третото место на табелата, а дали ќе остане таму и ќе се најде во плеј-офот ќе зависи од ТФТ кој треба да слави над Академија. Куманово се наоѓа на седмата позиција, но тоа е привремено, сигурно ќе падне уште едно место подоле.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk