Кошарка

Кожув без финале во БИБЛ лига

Кошаркарите на Кожув триумфираа во реванш-полуфиналниот натпревар во БИБЛ-лигата против Сигал Приштина со 86:80, но останаа без пласман во големото финале бидејќи не успеаја да ја анулираат негатива од првата средба, кога загубија со 24 поени разлика.

Гостите од Косово, кои се предводени од македонскиот стратег Марјан Илиевски и за кои настапува репрезентативецот Бојан Трајковски, уште еднаш се покажаа како цврст и силен противник, кој во Гевгелија дојде решен да не доживее катастрофа, во што без проблеми успеа.

Алексеј Нешовиќ со 17 поени беше најефикасен кај тимот од Гевгелија, Владимир Брчков постигна 12, а Филип Шепа 13 поени. Трајковски средбата ја заврши со 10 поени и девет скока.

Во големото БИБЛ-финале, екипата на Илиевски и на Трајковски ќе ги одмери силите со бугарски Рилски спортист.

Поврзани

Најнови вести

Коментари