logo
logo
logo

Костоски го однесе ТФТ во плеј-офот, за Гостивар заврши сезоната!

Vecer | 22.05.2022

Костоски го однесе ТФТ во плеј-офот, за Гостивар заврши сезоната!

Последното место во плеј-офот им припадна на кошаркарите на ТФТ кои по голема драма славеа против Гостивар со 87-80. Во полуфиналето овој тим ќе игра против МЗТ Скопје, кој ја има предноста на домашен терен.

Лидер на теренот беше Александар Костоски, кој зад своето име запиша 36 поени, шест скока и пет асистенции. Поранешниот македонски репрезентативец ја одигра најдобрата партија, бледото издание на Хортон, го покри одлично. Втор стрелец беше Морган со 18 поени. Кај Гостивар, Ефремовски имаше 18 поени.

Гостите го имаа водството на овој натпревар до 26. минута, кога ТФТ предводен од Костоски со серија од 13-2 поведе со 60-54. Претходно кошаркарите на Гостивар имаа двоцифрени 18-33.

Но, пред одморот актуелниот освојувач на Купот на Македонија успеа да ја стопи оваа негатива и заигра на едно повисоко ниво, со кое се врати целосно во мечот и во решавачките десет минути влезе со 66-63.

Во 35. минута од дуелот беше 76-70 за домашните кошаркари. Костоски го одржуваше својот тим во живот, во вистинско време го наоѓаше патот до кошот на гостите. По последните 76-70, Морган направи две грешки во низа, Гостивар намали на 79-75, не искористи два напади. На другата страна токму Костоски со тројка, го отвори патот кон победата (82-75).

Немаше простор за кам-бек, ТФТ успеа да го приведе мечот во своја корист.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk