Тимот на Е.Пелистер патува за Швајцарија каде што ќе го одигра последниот дуел од Лигата на Европа групната фаза, против тимот на Шафхаузен. Иако десеткуван тимот од разни причини, битолчани не само што се оптимиски туку ветуваат дека ќе дадат се од себе за да остварат поволен резултат.

„Остваривме пет победи во низа и натпреварот против Татран ни беше многу важен, за да ја задржиме хемијата како досега. Верувам дека ќе издвојуваме добар резултат во Шафхаузен. Се подготвуваме добро, ги анализираме и знаеме дека не смееме да ги потцениме. Кадетен Шафхаузен е одлична екипа. Како што знаете, тука во Битола одигравме нерешено, а тие на домашен терен знааат да одиграат добро. Затоа мора да бидеме сите заедно, цел тим како едно и да се бориме за подобар пласман понатаму во Лига Европа.Натпреварот во Битола заврши нерешено, но ете имаме втора шанса и нам ни преостанува да се обидеме да им вратиме за тоа што го пропуштивме“ – изјави Ненад Костески. 

Радовиќ: Не калкулираме и одиме да дадеме се од себе 

И неговиот соиграчи пак Мирко Радовиќ го дели истото мислење, дека само со максимум и добра игра може да се совлада незгоден противник како Шафхаузен и тоа на негов терен.

„Нема калкулации од наша страна. Патуваме во Швајцарија да дадеме максимум. На првиот натпревар ремизиравме и имаме нешто да им вратиме. Во одлична форма сме, имаме пет победи во серија и сакаме хемијата да остане на ова ниво. Имаме одличен колективен дух, одиме да се бориме до последниот атом од силите, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно.

На првиот натпревар покажаа дека не се предаваат, играат до последната секунда. Независно колку е разликата во наша или нивна полза, не го намалуваат „гасот“ и даваат сè од себе. Ќе биде одличен натпревар и од наша и од нивна страна и се надевам дека ќе им вратиме за првиот натпревар“ – вели Радовиќ. 

 

sportmedia.mk