logo
logo
logo

Костадинов промаши пенал, но потоа асистираше за победа

Vecer | 15.05.2021

Костадинов промаши пенал, но потоа асистираше за победа

Foto> www.mfkruzomberok.sk

Македонскиот репрезентативец во дресот на Ружомберок имаше интересен меч против Нитра од 31.коло во словачкиот шампионат. Костадинов го почна мечот, а во 68. минута промаши пенал, противничкиот голман му го одбрани шутот, потоа доби жолт картон, но потоа се „извади“ со асистенција до Зигмунд за водство на Ружомберок од 1:0. Во 87 минута нашиот играч го напушти теренот откако беше заменет со Филински, а во финишот Ружомберок постигна уште еден гол и ја завери победата.

Ружомберок е прв во плеј-аут групата. Нитра е на последното место на табелата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk