logo
logo
logo

Koшмарна година за Доминик Тим

Vecer | 22.05.2022

Koшмарна година за Доминик Тим

Доминик Тим, освојувачот на УС Опен 2020 и двоен финалист на Ролан Гарос е елиминиран денеска во првото коло на францускиот Гренд слем. Елиминацијата ја доживеа од Боливиецот Уго Делиен со 3:0 (6:3, 6:2, 6:4). Австрискиот тенисер од минатата година се бори со повреди, а ова беше само шести меч за Тим во 2022 година, после деветмесечна пауза и шести пораз.

Некогашниот трет играч на светот не може да се врати во форма, а моментално е на 194. место.

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласира во 2. коло затоа што во Париз го победи Американецот Маркос Гирона со 6:1, 6:1, 6:1 и тоа за 1 час и 34 минути.

Во следната фаза се пласираа Борна Чориќ, Даниел Шварцман, Џон Иснер, Ожие-Алисаме…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk